
Килијан Мбапе (26) минатото лето го напушти ПСЖ откако за седум години одигра 308 натпревари, постигна 256 гола и асистираше за 107 голови во тој клуб. ПСЖ е огорчен што клубот кој го донесе од Монако за отштета од 180 милиони евра, тој го напушти и замина во Реал без отштета.
Мбапе го тужеше поранешниот клуб, тврдејќи дека на име на плати и бонуси за минатата сезона му должат 55 милиони евра. Но, на сослушувањето во понеделник на Апелациониот суд во Париз, ПСЖ одговори дека не само што не му должат на поранешниот играч, туку и дека од него бараат 98 милиони евра.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Минатиот месец адвокатите на Мбапе на прес-конференција пред Ајфеловата кула најавија дека ќе го предадат случајот на кривичен, граѓански и суд за работни спорови и ќе побараат од УЕФА да го исфрли ПСЖ од европските натпреварувања.
На тоа, на споменатото сослушување одговорија адвокатите на ПСЖ тврдејќи дека Мбапе „не предочил доволно докази дека ПСЖ му должи“ и дека „износот кој го бара од клубот не е соодветен“. ПСЖ исто така најави дека ќе му одговори на Мбапе со противтужба: „Барањето на играчот кон ПСЖ е неосновано. Дополнително, тој должи пари на клубот.“
ПСЖ ги темели тврдењата дека не му должи на Мбапе 55 милиони евра на вербален договор меѓу играчот и претседателот на клубот Насер Ал Келаифи во август 2023 година, дека Мбапе ќе го продолжи договорот со ПСЖ до летото 2025. Но во февруари минатата година, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ во летото 2024 година, кога му истекува договорот. Адвокатите на Мбапе брзо одговорија и она овие тврдења:
“Тој договор не беше обврзувачки затоа што не беше формален ниту потпишан и нема докази дека постоел наведениот ‘џентлменски договор’. Од ПСЖ бараме 55 милиони евра оштета затоа што го исфрлија Мбапе од составот откако објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.”