Дома Фудбал ПСЖ го праќа засилувањето од 95 милиони евра на позајмица!?

ПСЖ го праќа засилувањето од 95 милиони евра на позајмица!?

Во летото 2023 година, Рандал Коло Муани беше најбараниот напаѓач во Европа заедно со Гонсало Рамос од Бенфика. Муани тогаш играше за Ајнтрахт од Франкфурт и блескаше во Бундеслигата, а потоа во септември, дојде и огромен трансфер во ПСЖ. Парижаните тогаш му платија 95 милиони евра отштета на германскиот клуб, а Муани доби петгодишен договор со десет милиони евра годишна плата по сезона.

Денес, само 16 месеци подоцна, Муани е на излезните врати на ПСЖ, кој му порача да си побара нов клуб. Французинот од доаѓањето во ПСЖ собра 54 настапи во кои постигна 11 голови и асистираше за седум, што очигледно претставува ефект кој челниците на францускиот првак го сметаат за недоволно добар.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Англискиот портал „Гол“ пишува дека фаворит за негово доведување е Тотенхем, кој има проблеми со напаѓачката позиција поради повредата на Бразилецот Ришарлисон и слабата форма на Германецот Тимо Вернер. Постои можност и Коло Муани да му се приклучи на премиерлигашот на позајмица со право на откуп. Фабрицио Романо додава дека за него се заинтересирани уште Јувентус, Монако и Милан.

ПСЖ е подготвен да го пушти на позајмица до крајот на сезоната во замена за четири милиони евра отштета, но и со тоа клубот што ќе го позајми да ја покрие платата на Муани во тој период, што е околу пет милиони евра дополнително.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите во завршна фаза: Грем Потер пред враќање во Премиер лигата?

Раководството на фудбалскиот клуб Вест Хем разговараше со тренерот Грејем Портер за можен …