Манчестер Јунајтед би можел да се засили со Нуно Мендеш (22), левиот бек на ПСЖ. Како што пренесува „РМЦ Спорт“, Јунајтед веќе испратил официјална понуда за португалскиот фудбалер, кого Рубен Аморим многу добро го познава и ги очекува одлуките на челниците на францускиот клуб за продолжување на преговорите. Висината на понудата засега не е позната.
Да потсетиме, ПСЖ го донесе Мендеш во летото 2022. година кога имаше 20 години. Парижаните за Мендеш исплатија 38 милиони евра отштета на лисабонскиот Спортинг, а Португалецот од тогаш до денес има импресивни 99 настапи за францускиот гигант. Во првите две сезони беше стартер и главната опција на левата страна, но во третата малку исчезна, делумно поради промени во тимот, делумно поради повреди.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Сега повторно успеа да го зафати местото на стартер, а ПСЖ сакаше да го награди со нов договор, иако актуелниот му важи до летото 2026 година. Експертот за трансфери во францускиот фудбал, Фабрис Хокинс, известува дека Мендеш многу се навредил на понудата што му ја дадоа Парижаните.
Мендеш моментално заработува 1.4 милиони евра годишно, што е една од најниските плати во ПСЖ, но не е познато колку изнесува понудата што му ја понудиле, за да ја смета толку ниска и навредлива. Платите на сегашните првотимци на ПСЖ се движат од 9 до 20 милиони евра годишно, па се претпоставува дека понудата била пониска од тоа.
Португалецот се навредил до таа мера што моментално размислува да го напушти клубот. Токму тоа го поттикна Јунајтед да тргне по него,