Дома Фудбал ПСЖ донел одлука: Коло Муани може да биде јануарската „бомба“!

ПСЖ донел одлука: Коло Муани може да биде јануарската „бомба“!

Французинот на излезните врати од „Паркот на принцовите“.

Рандал Коло Муани е дефинитивно отфрлен кај Луис Енрике.

Како што пренесуваат многу извори, Французинот е на мета на многу клубови, а моментално во редот се – Јувентус, Арсенал и наводно дури и Манчестер Јунајтед. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, проблемот во преговорите со Пари Сен Жермен е што го преплатија Муани 90 милиони евра, со огромни 12 милиони годишно. 

Затоа, позајмица во јануарскиот преоден рок е најреалната опција за сите заинтересирани клубови.

Јасно е дека Душан Влаховиќ не може сам да го води Јуве на сите три фронтови, а исто така е јасно дека Микел Артета не може баш да се потпре на Габриел Жезус и покрај хет-трикот во победата против Кристал Палас во Лига купот. 

Манчестер Јунајтед како трета опција може да биде реален само доколку Џошуа Зиркзе си замине во јануари. Холанѓанецот е ценет во Италија, исто така се споменува дека би го сакал Тијаго Мота, бидејќи се познаваат од Болоња.

Сето тоа заедно укажува дека Муани ќе го напушти францускиот клуб, само е прашање дали ќе оди во Италија или Англија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона доби понуди за Тер Штеген

Неколку клубови испратиле барања до Барселона за можноста да го привлечат на позајмица гол…