Дома Фудбал ПСЖ ќе активира „зимска бомба“ од 80 милиони евра

ПСЖ ќе активира „зимска бомба“ од 80 милиони евра

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен се обидува да го оствари најголемиот трансфер во Европа во зимскиот преоден рок.

Оваа јануарска трансфер сезона е сѐ само не здодевна, за разлика од некои претходни. Има многу шпекулации, многу завршени договори, а многу ќе се остварат.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Парижаните сакаат да ги засилат своите напади, за што веќе пишувавме, а главната цел е неуспешната мета од лани – Хвича Кварацхелија!

Многу релевантни извори, почнувајќи од Фабрицио Романо па до Џанлука ди Марцио, истакнуваат дека ПСЖ е во директен контакт со раководителите на Наполи кои се дефинитивно отворени да го пуштат во јануарскиот преоден рок и покрај добрите резултати под Антонио Конте оваа сезона.

И тој игра сосема доволно. Настапи на 17 натпревари во Серија А, постигна пет гола и имал три асистенции, што е помало постигнување од натпреварувачката година во која го освоија Скудетото, но сѐ уште е солиден.

Се шпекулира за сума од 80 милиони евра, што е за 40 милиони евра помалку споредбено со тоа што Наполи го бараше летово за грузискиот левокрилен напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…