
По неколку дена шпекулации, во вторник навечер беше официјално потврдено дека Карик е тренер на Манчестер Јунајтед до крајот на тековната сезона.
Откако доби шанса да биде тренер на Манчестер Јунајтед пред Оле Гунар Солскјер, Карик беше директен.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Да се има одговорноста да се води Манчестер Јунајтед е всушност најголема чест.
Знам што е потребно за успех овде и мојот фокус сега е на помагање на играчите да ги достигнат стандардите што ги очекуваме во овој неверојатен клуб.
Сите знаеме дека оваа група играчи е повеќе од способна да направи големи нешта.”
Пред да биде именуван за нов тренер, сите очекуваа дека новата шанса во клубот ќе ја добие Солскјер, но тоа не се случи.
Првиот натпревар на Карик како тренер на Манчестер Јунајтед ќе биде дерби кое во сабота ќе се игра на Олд Трафорд, а противник е Манчестер Сити.
Пред натпреварот, денес Карик го водеше својот прв тренинг во клупската база, а тоа е секако Карингтон.
На тренингот учествуваше играч за кој малкумина чуле и тоа практично ги шокираше сите навивачи на тимот од Олд Трафорд.
Имено, новинарот Нејтан Солт ја пренесе информацијата дека Хабиб Огунеј беше дел од тренинг групата на Манчестер Јунајтед.
“Хабиб Огунеј денес беше дел од тренинг групата за првиот тренинг на Мајкл Карик. Џек и Тајлер Флечер се дел од првиот тим заедно со Амад и Мбеумо”, пишува Солт.
На официјалната страница на Манчестер Јунајтед, исто така, беше потврдено дека во клубот е Огунеј, а дека се вратил и Џо Хугил од позајмица.