Дома Останати Тенис Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој гренд слем турнир, на Рафаел Надал, првиот ден од годинашното натпреварување.

Ќе има церемонија полна со изненадувања“, рече директорката на турнирот Амели Морезмо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Церемонијата ќе се одржи на теренот „Филип Шатрије“ по првите три дневни меча.

Надал последен пат играше во Париз на 29 јули 2024 година, кога загуби од Новак Ѓоковиќ, во второто коло на Олимписките игри во Париз.

Тој е рекордер на вториот гренд слем на сезоната со неверојатни 14 трофеи. На влезот во Ролан Гарос има статуа.

Надал официјално се повлече од тенисот на финалниот турнир од Дејвис купот, минатиот ноември на стадионот Мартин Карпена во Малага.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вака изгледа патот на Новак Ѓоковиќ до титулата на Австралија Опен

Со победата над италијанскиот ривал Франческо Маестрели во три сета, нашиот Новак Ѓоковиќ …