Дома Останати Кошарка Прв голем трејд во НБА: Голден Стејт го доведе најдобриот играч на Светското првенство!

Прв голем трејд во НБА: Голден Стејт го доведе најдобриот играч на Светското првенство!

Денис Шрoдер, светскиoт шампион со Германија од 2023 година и МВП на Светското првенство, се пресели во Голден Стејт Вориорс.

Бруклин Нетс и Голден Стејт Вориорс го завршија првиот голем трејд во сезоната. Во замена, Нетси ќе го добијат Де’Ентони Мелтон, и уште еден пик во втората рунда на драфтот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Шродер е одличен сезонава и има просек од 18,4 поени и 6,6 асистенции по натпревар, а на Вориорс моментално им е потребен кошаркар кој ќе помогне во организацијата на нападот, па се решија за Германецот.

Од друга страна, Мелтон доживеа повреда на коленото на крајот на сезоната, а Голден Стејт загуби седум од последните девет натпревари по неговата повреда, што ги принуди да бараат ново решение.

Шродер во досегашната НБА кариера настапуваше за Атланта Хокс, Оклахома Сити Тандер, потоа за ЛА Лејкерс, Бостон, Хјустон, повторно за Лејкерс, Торонто и Бруклин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво забивање не се гледа често: Гордон со поен го засени потегот на Јокиќ (Видео)

Арон Гордон ќе остане запаметен како еден од момците на кои закуцувањето им беше омилен де…