Дома Фудбал Продолжува агонијата на Пакета – одложено е сослушувањето!

Продолжува агонијата на Пакета – одложено е сослушувањето!

Предолго трае аферата околу фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, а сега е јасно дека тој ќе продолжи да игра фудбал под голем притисок.

Бразилецот ќе ја заврши сезоната во Премиер лигата, без разлика дали властите ќе го прогласат за виновен или не.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Офанзивниот играч од средината на „чеканите“ е обвинет дека учествувал во наместени натпревари во коишто играл во дресот на сегашниот клуб, а англиските медиуми пренесуваат дека сослушувањето, кое се чека долго време, е одложено за лето.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) се сомнева Пакета дека во најмалку четири ситуации добил жолт картон “со намера да влијае врз бизнисот на обложувалниците”.

Пакета соработува, дозволил на истражителите да имаат пристап до неговиот телефон, но сè уште нема навестувања каков ќе биде исходот во неговиот случај.

Пакета минатото лето за малку ќе завршеше во Манчестер Сити, но овој случај значително влијаеше да не се случи тој трансфер.

За репрезентацијата на Бразил, овој фудбалер кој има 27 години одиграл 55 натпревари и постигнал 11 голови.

Фотографија: West Ham/Official Website

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погина бившиот соиграч на Гелор Канга: Еве на кого се се сомневаат, истрагата е во тек

Габонскиот фудбалер Арон Бупендза (28) загина откако паднал од 11-тиот кат на станбена згр…