
Ситуацијата околу иднината на Душан Влаховиќ останува многу сложена и се очекува состанок меѓу раковoдството на Јувентус и неговиот агент Дарко Ристиќ.
Сè уште е големо прашање како ќе се реши прашањето со Душан Влаховиќ кој има договор со Јуве до летото следната година. Меѓутоа, никому не му одговара тој да ја преседи цела сезона. Јуве би го изгубиле без обештетување, а српскиот напаѓач би продолжил да прима плата од 12.000.000 евра годишно, додека тој не би можел да ја постигне потребната форма за потенцијалното Светско првенство кое следи.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Тутоспорт“ вели дека сите опции се можни, вклучувајќи спогодбено раскинување на договорот со богато отпремнина за српскиот играч. Така би бил слободен во избор на нова средина. Но, не се исклучува ниту можноста за обновување на договорот на една година за да се распореди платата на подолг временски период, а потоа негово заминување на позајмица.
Сè уште нема клуб што е подготвен да ја плати бараната отштета, а при тоа да ги одговара критериумите на Влаховиќ. Саудијците и Фенербахче се распрашувале, но тој сака да игра во елитна европска лига.
Фото: Принтскрин