Дома Фудбал Проблем за Реал Мадрид: Повреден е Тибо Куртоа

Проблем за Реал Мадрид: Повреден е Тибо Куртоа

Еден од најдобрите во Реал Мадрид голманот Тибо Куртоа се здоби со повреда поради која нема да игра во квалификациите за Светското првенство за Белгија.

Станува збор за повреда на мускулот, а сѐ уште не се знае сериозноста ниту колку долго ќе отсуствува Куртоа. Јасно е дека нема да биде на располагање на селекцијата на Белгија во квалификациските натпревари за Светското првенство против Казахстан и Лихтенштајн.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Куртоа многу години е еден од најдобрите голмани на светот, а можеби и најдобриот. Во последно време тој е еден од најважните играчи на Реал Мадрид, особено во овој период на мала криза кога беше претрпен пораз од Ливерпул во Лигата на шампионите и одиграно само 0:0 против Рајо Ваљекано.

Оваа сезона Куртоа нема пропуштено ниту минута како на голот на Реал, така и на голот на Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каиседо размислува за пензија по трагедијата: Нема повеќе да се занимавам со фудбал

Кога соиграчот од Barcelona Sporting Club, Марио Пинејда (33), беше трагично убиен, поране…