
Бредли Баркола блесна во натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи, постигнувајќи гол во двете средби за ПСЖ, но актуелниот европски шампион ќе мора да се снаоѓа без него во четвртфиналето затоа што доживеа повреда која бара повеќенеделна пауза.
Баркола изминатиот вторник вечер доживеа исчашување на лигаментите на зглобот, поради што му следуваат еден месец пауза и нема да биде дел од тимот за време на терминот на четвртфиналните дуели на Лигата на шампионите, закажани за првата половина на април.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Ова не е првпат францускиот репрезентативец сезонава да претрпи повреда. Имаше проблем со задната ложа, но таа повреда беше многу поблага и отсуствуваше само неколку дена.
Многу поголем проблем е што Баркола влезе во одлична форма бидејќи беше стрелец на пет од последните шест натпревари на ПСЖ во сите натпреварувања.
Веќе сега е само на четири гола до изедначување на неговото минатосезонско постигнување во француската лига, додека е уште поблиску до целта да го надмине својот најдобар учинок во Лигата на шампионите.