
Сагата околу еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, Александар Исак, продолжува со нова недела на интриги, а новите информации сугерираат дека шведскиот ас е поблиску до останување отколку заминување од “Сент Џејмс Парк”, бидејќи клубот од северот на Англија планира да го направи најплатениот играч.
Откако Нотингем Форест одби понуда од 45 милиони фунти од Њукасл за Антони Еланга, стана извесно дека “страчките” ќе се фокусираат на задржување на Исак, кого конкуренцијата од пазарот долго време го посматра.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Според податоците од британскиот “Тајмс”, Њукасл е подготвен да вложи значителни средства за да го направи поранешниот напаѓач на Реал Сосиедад најплатен во историјата на клубот, преземајќи го приматот од Бруно Гимараеш, кој моментално заработува 160.000 фунти неделно.
Овој потег на англиската екипа, која следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, можеби нема да биде доволен за да го убеди Исак да остане на “Сент Џејмс Парк”, но клубот ќе се обиде да ја тестира неговата лојалност додека со секоја нова понуда таа ќе се најде пред сè поголеми искушенија.
Со договор кој му истекува дури во летото 2028 година, јасно е дека Њукасл не е во брзање, но прашање е дали Исак во своите најдобри години сака да продолжи да игра токму за овој клуб.
Швеѓанецот веќе трета сезона по ред доминира, освојувајќи Лига куп како круна на својот престој на “Сент Џејмс Парк”, па на него е да одлучи што ќе биде неговиот следен потег.
Целата ситуација особено ја следи Ливерпул, кој во Исак гледа долгорочен избор за позицијата деветка, што значи дека неизвесноста околу трансферот ќе остане до моментот кога Швеѓанецот не потпише договор.