
Десниот бек Жоао Кансело беше очекуван денес во Барселона за медицински прегледи и да го финализира неговиот омен во “Камп Ноу”, но зделката може да биде одложена, информира “Мундо Депортиво”.
Португалскиот бек сè уште е во Лисабон, чекајќи зелено светло од Ал-Хилал за да патува во каталонската престолнина. Медиумот прецизира дека може Кансело да пристигне во Шпанија дури утре, а потоа веднаш да се подложи на медицински прегледи.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Веќе во среда навечер спортскиот директор на “блаугранас” Деко објави дека трансферот на Кансело е во процес на финализирање и истакна дека фудбалерот ќе пристигне наскоро.
Договорот меѓу Барселона и Ал-Хилал веќе е постигнат, а во моментот двете страни ги расчистуваат последните детали и ја разменуваат документацијата за да биде завршена зделката. Самиот играч и неговиот агент Жорже Мендеш исто така веќе имаат постигнато полна согласност со обата клуба. Кансело веќе беше дел од Барселона во сезоната 2023/24, кога беше на заем од Манчестер Сити и забележа 4 гола и 5 асистенции во 42 натпревари за каталонците.