
Франческо Тоти е на чекор од враќање во Рим.
Според информациите од новинарот Никола Скира, управата на Вилчицата постигнала договор со 49-годишниот Тоти за негово приклучување во стручниот штаб на првиот тим.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Преговорите се во завршна фаза, па официјална потврда за враќањето би можела да пристигне наскоро. Тоти би требало да добие една од важните функции во стручниот штаб, додека повеќе детали за неговата улога ќе бидат познати подоцна кога ќе се договорат деталите со стратегот Гасперини.
Тоти е најголемата легенда на тимот од Рим. Во првиот тим дебитираше во 1993 година кај Вајадин Бошков и во текот на целата играчка кариера го носеше дресот на Рома. Од одиграни вкупно 785 натпревари, постигна 307 голови и запиша 205 асистенции, пред да ја заврши кариерата во јули 2017 година.