Дома Фудбал Претседателот на Шкендија: Вечерва да не дозволиме говор на омраза!

Претседателот на Шкендија: Вечерва да не дозволиме говор на омраза!

Претседателот на Шкендија, Лазим Дестани пред натпреварот на Шкендија вечерва испрати порака до навивачите.

На социјалните мрежи Дестани апелираше до навивачите да нема никаков говор на омраза од трибините.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Со најголема емоција за досегашните успеси, нашиот сон продолжува. Со голема посветеност и фокус, нашиот клуб чекори напред кон нови цели и кон успесите кои ги заслужуваме. Нашата цел е успехот и патот кон Лигата на шампионите.

Денес сите ќе бидеме на трибините, пеејќи ги нашите песни на победата и давајќи им поддршка на нашите играчи и стручен штаб, затоа што тие го заслужуваат тоа. Како навивач на Шкендија, ве повикувам денес да ја покажеме нашата спортска култура и да нè подлегнуваме на провокации.

Да не дозволиме говор на омраза во ниту една форма, затоа што тоа не нè претставува и не е дел од нашата култура. Ние, публиката и навивачите на Шкендија, како 12-ти играч, сме пример покажувајќи го нашиот висок стандард и достоинствено претставувајќи ја нашата љубов кон клубот. Ајде кон победата! Шкендија над сè!“, истакна првиот човек на македонскиот шампион“, стои во неговото обраќање.

Натпреварот на арената „Тодор Проески“ се игра во терминот од 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…