Дома Фудбал Пресврт: Кореографијата на навивачите на Сити не била порака за Винисиус – еве какво значење имала!

Пресврт: Кореографијата на навивачите на Сити не била порака за Винисиус – еве какво значење имала!

Иако целиот свет во вторник вечерта мислеше дека корeографијата на навивачите на Манчестер Сити е упатена на сметка на Винисиус Жуниор, ден потоа навивачите на англискиот клуб открија дека сè било погрешно протолкувано!

Имено, навивачите на Сити имаа транспарент на кој беше фотографијата на Родри како ја бакнува “Златната топка” и зборовите “Stop crying your heart out”, во превод “Престани да плачеш.”


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Станува збор за песна на познатата група “Oasis”, чии лидери, браќата Ноел и Лијам Галагер, се големи навивачи на Сити. Текстописецот Ноел веќе одамна објасни дека пораката е поврзана со тоа како треба да продолжиш со животот во тешки моменти, упатена до пријател кој поминуваше низ тешка ситуација со децата.

Без сомнение, овие зборови имаат двојно значење, особено затоа што Винисиус јавно изрази незадоволство што не ја освои Златната топка.

Од друга страна, Родри поминува низ тешки моменти во животот поради повреда која му ја упропасти сезоната.

Инаку, Реал во вторник вечерта победи на Етихад со резултат 3:1 – иако до 86. минута губеа со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона не се откажува од Луис Дијаз, Ливерпул ја одреди цената

Според каталонските медиуми, следното лето трансфер приоритет за Барселона ќе биде ѕвездат…