Дома Фудбал Премиерлигаш доби казна 10.000 евра поради „УЕФА мафија“

Премиерлигаш доби казна 10.000 евра поради „УЕФА мафија“

Фудбалскиот клуб Кристал Палас казнет е со 10.000 евра поради транспарентите што ги истакнаа нивните навивачи против Фредрикстад во плејофот на Конференциската лига.

Навивачите на лондонскиот клуб се побунија против европската организација откако не им дозволија да играат во Лигата на Европа, иако на чесен начин го обезбедија тоа со своите настапи на теренот минатата сезона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Причината е што тие имаат иста сопственичка структура како Олимпик Лион и двата клуба не можат да учествуваат во истото натпреварување, иако сме виделе слични примери како организациите на Ред Буловите, Сити и Жирона…

Поради тоа, сѐ почести се протестите на навивачите на Палас против УЕФА, па така против Фредрикстад истакнаа транспарент “УЕФА мафија” со симбол на евро, а тоа го чинеше клубот 10.000 евра, беше соопштено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Идеалнaта екипа за 2025 година според FIFPRO

Здружението на професионални фудбалери FIFPRO објави во понеделникот идеални состави во ма…