Дома Фудбал Преговорите започнале: Алегри може да се врати во поранешниот клуб!

Преговорите започнале: Алегри може да се врати во поранешниот клуб!

Искусниот италијански стручњак Масимилијано Алегри сѐ уште ја очекува соодветната понуда за да го продолжи својот ангажман.

За сега ужива надвор од фудбалот, но може да се врати на почетокот на следната сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како заинтересиран клуб се спомнува – Милан.

Веќе некое време во медиумите се појавува овој план на „росонерите“, а најновата информација е дека Алегри разговарал со претставниците на Милан по телефон, што само дополнително ги подгреа приказните за неговото враќање во Милан.

Пред неколку дена имаше и вечера со Фабио Паратичи, првиот кандидат за местото спортски директор на Милан.

Сите разбираат дека Серџо Консеисао на крајот од сезоната ќе си замине од Милан, можеби дури и порано, а сега Алегри е првиот кандидат за местото шеф тренер на клубот од „Сан Сиро“.

Да потсетиме, Алегри веќе има Скудето со Милан, а го напушти клубот во јануари 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за ПСЖ и аларм во Европа: Луис Енрике заминува?!

Според информации од Шпанија, поточно од Марка, шпанскиот тренер не планира да го продолжи…