Дома Фудбал Пред 40 години поради тврдоглавоста на УЕФА се случи на најголемата трагедија во европскиот фудбал (Видео)

Пред 40 години поради тврдоглавоста на УЕФА се случи на најголемата трагедија во европскиот фудбал (Видео)

Пред точно 40 години, на стадионот Хејсел во Брисел се случи најстрашната катастрофа во историјата на европскиот фудбал.

УЕФА донесе одлука финалето на Купот на шампиони помеѓу Ливерпул и Јувентус да се одигра на Хејсел на 29 мај 1985 година, иако стадионот не ги исполнуваше безбедносните стандарди.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Хејсел беше повеќе од половина век стар, во лоша состојба и со многу безбедносни недостатоци.

Поради ова, претставниците на Ливерпул и Јувентус побараа од УЕФА да се избере друг стадион за натпреварот, но таа не сакаше ни да размислува за таква можност.

Интересот беше огромен, а очекувањата високи. На Хејсел дојдоа повеќе од 58.000 гледачи, од кои секој клуб имаше околу 25.000 свои поддржувачи, додека останатите беа сместени во таканаречената „неутрална зона“.

За жал, стравовите на раководството на Ливерпул се остварија половина час пред почетокот на натпреварот, кога англиските хулигани ги нападнаа навивачите на Јувентус на трибините.

Со оглед на малиот број полицајци, навивачите на Ливерпул се пробија кон неутралната зона (сектор З) која беше поставена меѓу двата блока на навивачи, но билети највеќе купиле оние од Јувентус.

Во паниката, стотици луѓе се обидоа да избегаат, наидувајќи на бетонскиот ѕид кој под притисок на толпата се урна и многумина беа згмечени или прегазени во мелеето.

Во трагедијата животот го загубија 39 луѓе: 32 Италијанци, четворица Белгијци, двајца Французи и еден Северен Ирец, додека околу 600 беа повредени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал ја „краде“ големата желба на Арсенал

Реал Мадрид реши да се вклучи во трката за потписот на Мартин Зубименди, играчот од средни…