Дома Фудбал Познато што правел Роналдо за време на погребот на Жота (Фото)

Познато што правел Роналдо за време на погребот на Жота (Фото)

Диого Жота и неговиот брат трагично загинаа во страшна сообраќајна несреќа, а Кристијано Роналдо не се појави на погребот, поради што доби многу осуди, па дури и навреди. Сега медиумите во Шпанија објавија што наводно правел Португалецот за време на погребот на својот репрезентативен соиграч.

Фудбалскиот свет денови наназад го оплакува Диого Жота и неговиот брат кои го загубија животот во сообраќајна несреќа во Шпанија пред неколку дена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Капитенот на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо, не се појави на погребот, што предизвика бурни реакции во јавноста.

На почетокот се зборуваше дека имал договорна обврска да присуствува на друго место, но тоа не е точно.

Потоа една од неговите сестри нагласи дека не патувал бидејќи неговото присуство би предизвикало несакано внимание и целото нешто би се претворило во медиумски циркус.

На крајот, шпанските медиуми успеаја да откријат што правел Роналдо додека десетици големи фудбалски имиња биле присутни во португалскиот град Гондомар на погребот.

Според шпанскиот таблоид “Ultima Hora”, CR7 минатата сабота бил забележан како плива на Мајорка, неговата омилена летна дестинација за одмор.

Слика: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Меси наскоро става потпис!

Изминативе недели кружеа гласини за потенцијалното заминување на Лионел Меси од Интер Маја…