Дома Останати Тенис Познато колку всушност ќе заработи Алкараз од освојувањето на Ју-Ес Опен

Познато колку всушност ќе заработи Алкараз од освојувањето на Ју-Ес Опен

Карлос Алкараз го освои Ју-Ес Опен во недела, откако во финалето го победи големиот ривал Јаник Синер во четири сета. Со оваа победа на Флашинг Медоус, 22-годишниот Шпанец стигна до својот шести Гренд Слем трофеј и се врати на врвот на светската ранг-листа на тенисери пред финишот на сезоната. Нему му припаѓа рекордно високата парична награда од пет милиони долари (околу 4.27 милиони евра), пишува GiveMeSport.

Вкупниот награден фонд на US Open за оваа година изнесуваше 90 милиони долари (околу 76.8 милиони евра). На Синер му припаѓааше 2.5 милиони долари (околу 2.1 милиони евра). Лани вкупниот фонд на US Open изнесуваше 75 милиони долари (околу 64 милиони евра), а победниците беа наградувани со 3.6 милиони долари (околу 3.1 милиони евра).

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според американските даночни прописи, Алкараз спаѓа во највисокиот федерален даночен разред од 37% за приходи над 609.351 долари. Тоа значи дека само за федералниот данок ќе треба да плати околу 1.7 милиони долари (околу 1.44 милиони евра). На тоа се додава и данокот на државата Њујорк, кој изнесува 9.65% за приходи меѓу 1.08 и 5 милиони долари. Кога сè ќе се собере, неговата нето заработка ќе падне на околу 2.5 милиони долари (околу 2.12 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тренерот на Алкараз ги преудпреди ривалите: Тој не е совршен, туку проект во создавање!

Иако победата во финалето против Јаник Синер му ја донесе титулата на Отвореното првенство…