
Карло Анчелоти веројатно ги брои последните натпревари на клупата на Реал Мадрид и речиси е сигурно дека следната сезона нема да го води овој тим. По поразот од Барселона во Купот на кралот излегоа на површина разни случувања, а едно од нив е посебно изненадувачко.
Иако со Реал во претходните сезони направи одлична работа, Анчелоти е пред отказ затоа што постои можност Кралевите оваа сезона да ја завршат без трофеј.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
По испаѓањето во четврт-финалето на Лигата на шампионите, екипата на Реал Мадрид беше поразена и во финалето на Купот на кралот, каде што по продолженија со 3:2 ги победи Барселона.
На Кралевите им остана уште да се борат за титулата на првак на Шпанија каде што се натпреваруваат за првото место со Барселона од која моментално имаат четири бода помалку.
Шпанските медиуми наведуваат дека Анчелоти и Перез веќе некое време немаат добар однос, а сѐ започна со инсистирањето на италијанскиот тренер пред почетокот на сезоната да го засили стручниот штаб.
Анчелоти му кажувал на Перез дека тој и неговите помошници не можат да го завршат целиот посао за подготовка на натпреварите поради згуснатиот распоред и побарал клубот да вработи уште неколку тактички аналитичари за да му помогнат, но тоа не се случило.
Шпанскиот весник Релево наведува дека Анчелоти неколкупати го барал тоа од Перез, но претседателот на Реал не му излегол во пресрет, сметајќи дека стручниот штаб кој го има е доволно добар што се покажа во претходната сезона.
Фото: Принтскрин