Дома Останати Тенис Познато кога Ѓоковиќ ќе се бори за четвртфинале во Мајами

Познато кога Ѓоковиќ ќе се бори за четвртфинале во Мајами

Новак Ѓоковиќ во вторник ќе се бори за пласман во четвртфиналето од мастерс серијата во Мајами, а негов противник е Лоренцо Музети.

Мечот е трет според редоследот на главниот терен. Програмата ја отвораат од 17 часот Монфис и Корда. Потоа следува натпревар од женската конкуренција помеѓу Паолини и Линет, а потоа на теренот излегуваат Србинот и Италијанецот. Се очекува мечот да започне околу 21 часот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ и Музети досега се сретнале осум пати, со скор 7-1, а последен пат играа во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, кога Новак победи со 6:4, 6:2.

Доколку Ѓоковиќ го совлада Музети, во четвртфиналето го очекува подобриот од дуелот меѓу Себастиjан Корда и Гаел Монфис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Го чека пекол!

Новак Ѓоковиќ ќе има исклучително тежок пат на Отвореното првенство на САД во тенис, каде …