Дома Останати Тенис Познато какво богатство заработи Ѓоковиќ во поразот со само шест освоени гема

Познато какво богатство заработи Ѓоковиќ во поразот со само шест освоени гема

Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе се борат во финалето на егзибицискиот тениски турнир Шест кралеви во Ријад. Алкараз, првиот играч во светот, тоа го заслужи со полуфинална победа од 6:4, 6:2 против Тејлор Фриц, додека Синер, вториот на АТП листата, до мечот за титула стигна со ист резултат против Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Алкараз се приклучија на останатите во полуфиналната фаза на турнирот. Во четвртфиналето испаднаа Александер Зверев, од Фриц, и Стефанос Циципас, од Синер. На секој играч кој настапи на турнирот му беа гарантирани 1.5 милиони долари (околу 1.3 милиони евра), а победникот ќе добие дополнителни 4.5 милиони (околу 3.9 милиони евра) и така својата заработка од доаѓањето во Саудиска Арабија и успехот на турнирот ќе ја зголеми на вкупно 6 милиони (околу 5.2 милиони евра). Тоа е повеќе од наградите на кој било Гренд Слем турнир.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова значи и дека Ѓоковиќ и Фриц заработија 1.5 милиони долари за настапот и поразот со само шест освоени гема. Заработија 250.000 долари по гем (околу 230.000 евра). Ѓоковиќ против Синер на теренот помина само 62 минути, што значи и дека заработи околу 22.000 евра по минута. По сето тоа, рече:

„Не беше ова долг меч, што е негова, а не моја заслуга. Беше премногу добар, ја удираше топката силно од сите агли и му посакувам се најдобро во финалето“, вели тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најбогатата тенисерка во светот првпат во кариерата ќе игра полуфинале на Австралија опен

Џесика Пегула (31) се квалификуваше за своето прво полуфинале на Австралија Опен, победува…