Дома Фудбал Познати сите детали: Арсенал добива уште едно засилување!

Познати сите детали: Арсенал добива уште едно засилување!

Капитенот на Брентфорд, Кристијан Норгард, е новото засилување за Арсенал, според британскиот Атлетик.

Арсенал наскоро ќе го официјализира трансферот на овој врвен играч од средниот ред, вреден 12 милиони фунти. Примења и медицинските прегледи се веќе завршени.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На овој начин, “топџиите” ќе го зголемат квалитетот во средниот ред.

Лондонскиот клуб водеше преговори со Брентфорд неколку недели, и трансферот е договорен на износ од околу 10 милиони фунти, со дополнителни 2 милиони фунти преку можни бонуси.

Сега, капитенот на Брентфорд ќе ја зголеми конкуренцијата на позицијата заден везен, каде што веќе беше донесен Мартин Зубименди. Клубот се реши на овие чекори по разделувањето со Томас Партеј и Жоржињо, двојка која играше пред одбраната минатата сезона.

Во борба за местата во средниот ред се и капитенот на Арсенал Мартин Едегард, Деклан Рајс, Микел Мерино и Фабио Вијеира, додека тука може да се појават и офанзивците Кај Хаверц и Итан Нванери.

Поранешниот голман на Челзи, Кепа Арисабалага, исто така беше дополнување на тимот на Микел Артета, а актуелни се и преговорите за трансферот на напаѓачот на Спортинг, Виктор Џекерес.

Норгард се приклучи на Брентфорд во 2019 година, играјќи важна улога под раководство на поранешниот менаџер Томас Франк во подемот на клубот до Првата лига.

Играчот на 31 година во сезоната 2024/25 одигра 34 натпревари во лигата, постигна пет гола и забележа четири асистенции.

Клубот од поранешниот тренер Томас Франк (Тотенхем), голманот Марк Флекен (Баер Леверкузен), а се очекува и најдобриот играч Брајан Мбеумо да го напушти тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…