Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Торино и италијански репрезентативец, Самуеле Ричи, пренесува „Газета дело Спорт“.
23-годишниот Ричи игра одлично и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Веќе го доби питетот „новиот Пирло“, а неговата цена во моментов е помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Милан е во потрага по квалитетен играч за врска и го означил Ричи како примарна трансфер цел, но ќе мора да ја победи конкуренцијата.
Исто така проблем е што Торино не сака да ја пушти својата ѕвезда на среде сезона туку следното лето.