Дома Останати Кошарка Позната е причината: Јокиќ би можел да остане без трката за МВП-титула!?

Позната е причината: Јокиќ би можел да остане без трката за МВП-титула!?

Никола Јокиќ пропушти уште еден натпревар поради повреда, што отвора прашање дали ќе ги исполни условите за освојување на наградата за МВП. Правилата се јасни, а српскиот центар е на самиот раб.

Никола Јокиќ нема да игра против Хјустон Рокетс, потврдија Денвер Нагетс, што значи дека ќе пропушти четврти натпревар по ред.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Веќе претходно беше надвор од тимот против Портланд Трејл Блејзерс, Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс.

Јокиќ се повреди во дуелот против Вашингтон Визардс, а оттогаш не играл за својот тим.

Поминаа седум дена откако последен пат беше на терен, а сè уште не е подготвен за враќање.

Неговото отсуство веќе има последици – сега е втор во трката за МВП, зад Шај Гилџус-Александер.

Навивачите се загрижени бидејќи НБА правилата наложуваат дека играчот мора да одигра најмалку 65 натпревари за да биде во конкуренција за наградата.

Јокиќ досега настапи во 62 натпревари, а Денвер до крајот на регуларниот дел од сезоната има уште 11 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Мајкл Џордан отвори четврта бесплатна клиника

Мајкл Џордан ја отвори својата четвртата бесплатна клиника за здравствена заштита во сојуз…