Денеска од 18:00 часот, Македонија го игра првиот од двата натпревара против поранешниот европски шампион Литванија.
Мечот се игра во Скопје, а македонската репрезентација ќе биде десеткувана бидејќи недостасуваат најдобрите играчи. Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс имаат натпревари во Евролигата, Итан Хап е повреден, а Андреј Јакимовски настапува во НЦАА каде сезоната е во полн ек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во такви услови, селекторот немаше многу простор за маневар и се одлучи за проверени сили, односно кошаркари кои, главно, имаат долг стаж во репрезентацијата. По повредите и откажувањата, од конечниот тим отпадна кошаркарот на МЗТ Скопје, Марин Петков, но тој останува во комбинација, евентуално, за реваншот во Клаипеда в недела.
Предност доби Страхил Николов од ТФТ, пред се поради недостатокот на високи играчи кои треба да се им се спротивстават на Литванците. Тој, заедно со Бојан Крстевски, Андреј Маслинко и Лејсон Зеќири ќе треба да ја водат битката под кошевите.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ:
Војдан Стојановски
Дамјан Стојановски
Дамјан Робев
Виктор Ефремовски
Бојан Крстевски
Андреј Маслинко
Лејсон Зеќири
Страхил Николов
Стојан Ѓуроски
Бобан Стајиќ
Адем Мекиќ
Кристијан Николов