
Поранешниот српски кошаркар Владимир Штимац беше уапсен синоќа во Белград за време на студентските протести кои траат речиси веќе една година во Србија.
Србија на 1 ноември минатата година се соочи со трагедија кога во пад на покрив во Нови Сад загинаа дури 16 лица, а тоа беше повод народот во таа земја да покрене протест против актуелната власт.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во прв план се најдоа студентите кои во Белград покренаа протест и бараа некој да одговара за трагедијата што се случи во Нови Сад, а протестот се прошири низ цела Србија.
Се разбира, најмногу на удар се најде претседателот на земјата Александар Вучиќ, бидејќи од него бараат да распише предвремени избори и да ја напушти таа функција.
Тие сакаат да стават крај на режимот кој долго време владее во Србија. Студентите добија огромна поддршка и од многу јавни личности, а најгласен од нив е поранешниот кошаркар Владимир Штимац, кој беше меѓу првите на “фронтот”.
Снимката од апсењето на поранешниот српски репрезентативец е главна тема на социјалните мрежи и многумина се прашуваат што се случува бидејќи по ова прашање скоро никој не се огласи.
Сепак, утрово реагираше адвокатот Владимир Терзиќ, кој веднаш тргна кон Белград кога слушнал дека Штимац е уапсен. Поранешниот кошаркар е уапсен пред зградата на РТС, а нов шок го дочека кога стигна во полицијата.
Имено, како што објави адвокатот, на Штумац му било одредено задржување од 48 часа без никакво објаснување и тој дури утре или задутре ќе оди пред јавниот обвинител за да му соопштат за што точно се товари.