Новак Ѓоковиќ со сигурна победа против Лоренцо Музети се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Мајами и вечерта помеѓу четврток и петок ќе се бори за место меѓу четворицата најдобри на Флорида.
Организаторите одлучија дека Ноле и Себастијан Корда ќе излезат на Централниот терен не пред 1:30 по полноќ, односно по завршувањето на дуелот меѓу Ема Радукану и Џесика Пегула, но се поставува прашањето колку е ривалот на легендарниот српски тенисер подготвен да се спротивстави на теренот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Американецот во осминафиналето во три сета беше подобар од Гаел Монфис, но на крајот од мечот побара медицински тајм-аут поради болка во зглобот. На Корда му помогна дождот во вторникот бидејќи веднаш по повредата дуелот беше прекинат и продолжен по повеќе од два часа, па имаше време таблетите барем малку да делуваат.
Победникот на мечот Ѓоковиќ – Корда во полуфиналето ќе се сретне со Франсиско Серундоло или Григор Димитров.