
Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на Манчестер Сити, поради повреда на дуелот со Борнмут во ФА купот.
Во второто полувреме, Норвежанецот беше заменет поради повреда, а откако утринава направи медицински прегледи, Сити потврди дека има проблем со зглобот на левата нога.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Сити не прецизно соопшти колку време ќе трае неговото закрепнување, но се надеваат дека Халанд ќе биде достапен за крајот на сезоната и натпреварите на Светското клупско првенство кое ќе започне по завршување на Премиер лигата.
Сигурно е дека Халанд нема да игра во градското дерби со Манчестер Јунајтед следната недела.