Новак Ѓоковиќ беше испратен од Отвореното првенство на Австралија на начин кој дефинитивно не го заслужи. Без разлика дали симулира повреди кога губи или не, свирежите за најуспешниот тенисер во историјата сигурно не се посакувани. Тоа го покажаа и снимките од тунелот на Род Лејвер Арена.
Откако го предаде полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија по изгубениот прв сет, Ѓоковиќ при излегување од теренот беше испратен со свирежи.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Меѓутоа, дека овој пат навистина Ѓоковиќ има сериозни проблеми со бутниот мускул, покажаа снимките при неговото заминување од Мелбурн Парк.
Србинот се движеше тешко и е кристално јасно дека не ја измисли повредата. И неговото изразување на лицето на некој начин беше разочарувачко.
— ОвоОно (@OvoOnoX) 24 јануари, 2025.