
Дефанзивецот на Интер Бенжамен Повар бил понуден на Барселона, тврди каталонското издание “Спорт”.
“Нерадзурите” се подготвени да се разделат со 29-годишниот Французин ако добијат понуда од околу 20 милиони евра. Саудискиот Неом богата понуда до Повар, но тој одбил таков трансфер, бидејќи категорично неговото желание е да остане во Европа. Галатасарај исто така има сериозен интерес.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Според “Спорт”, агентот на играчот Пини Захави, кој ги претставува и Ханзи Флик и Роберт Левандовски, го понудил Повар на Барселона. Тренерот на каталонците добро го познава Французинот од времето кога заедно беа во Баерн.
Голема предност е што Повар може да игра како во центарот на одбраната, така и како краен бранител. Каталонците пак се разделија со Иниго Мартинез, затоа имаат потреба од нов одбранбен играч. Барса сепак сега не може да си дозволи таков трансфер, бидејќи повторно би го нарушил балансот во однос на платите.
По регистрацијата на Жоан Гарсија и Маркус Рашфорд, клубот сега треба да ги среди картонотите и за Војчех Шчесни, Жерард Мартин, Марк Бернал и Рууни Барџи. Потоа спортскиот директор Деко ќе се обиде евентуално да ангажира млад централни бранител, чија регистрација би била полесно остварлива.