Дома Моторспорт Потрес во Ред Бул: Крис Хорнер доби отказ!

Потрес во Ред Бул: Крис Хорнер доби отказ!

Формула 1 тимот Ред Бул го отпушти својот директор Кристијан Хорнер, кој раководеше со тимот од 2005 година.

Хорнер беше на чело на тимот Ред Бул од неговото формирање, предводејќи го до освојување на осум титули во првенството на возачи и шест во првенството на конструктори.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Сакамe да му се заблагодариме на Кристијан Хорнер за неговата исклучителна работа во изминатите 20 години. Со својата неуморна посветеност, знаење, експертиза и иновативно размислување, беше клучен за формирањето на Ред Бул Рејсинг како еден од најуспешните и најпривлечните тимови во Формула 1. Благодариме, Кристијан, секогаш ќе бидеш важен дел од историјата на нашиот тим,” изјави извршниот директор на Ред Бул, Оливер Минклав, а пренесе Би-Би-Си (BBC). На местото на директор на тимот Ред Бул ќе дојде Лорен Мекис, кој досега работеше во друг тим на Ред Бул – Рејсинг Булс. Мекис на позицијата директор на тимот Рејсинг Булс ќе го замени Алан Пермејн.

Отпуштањето на Хорнер доаѓа по неколку месечен пад на формата на тимот и внатрешни спорови, како и 17 месеци по обвинувањата за сексуално вознемирување и контролиранo однесување против дотогашниот директор на тимот од страна на вработена.

Компанијата Ред Бул два пати го ослободи Хорнер од овие обвинувања.

Оставката на Хорнер се случува и среде неизвесност околу иднината на Макс Верстапен.

Четирикратниот светски шампион има договор со Ред Бул до 2028 година, но Мерцедес потенцијално го привлекува да им се приклучи за следната сезона.

Ред Бул оваа сезона победи на само две трки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Инцидент во Мото ГП: Возачот излета од патеката, а мотоциклот за малку ќе го разнесеше камерманот (Видео)

На патеката Балатон во Унгарија се случи драматична ситуација за време на викендот МотоГП,…