
Српскиот центар блескаше во победата на Денвер Нагетс над Сакраменто Кингс, а еден негов потег веќе стана вирален.
Никола Јокиќ повторно покажа зошто е еден од најинтелигентните кошаркари на денешницата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На синоќешниот натпревар против Сакраменто Кингс, го водеше Денвер до победа со резултат 130:124.
На теренот беше незадржлив, постигна 34 поени, подели дури 14 асистенции и улови седум скокови. Но, еден негов потег го украде целото внимание.
За време на една акција во второто полувреме, Јокиќ направи додавање кое не се гледа ни во видеоигри.
Ги збуни целата одбрана на Кингс, па дури и самиот Домантас Сабонис.
Српскиот центар во дел од секунда го „прочита“ движењето на Арон Гордон и ја фрли топката точно таму каде што само тој можеше да ја замисли.
Топката помина непосредно над главата на Сабонис или, како што навивачите шеговито коментираат, „му помина низ косата“.
.Watch ya head Domantas Sabonis 🫣
— ClutchPoints (@ClutchPoints) November 4, 2025
What a DIME by Nikola Jokic 👀pic.twitter.com/hp7HPiD5N5