Дома Фудбал Постигнат договор, Милан се засилува со играч со македонско потекло

Постигнат договор, Милан се засилува со играч со македонско потекло

Милан и Клуб Бриж после долги преговори конечно постигнаа договор за трансфер на Ардон Јашари, пренесуваат италијанските медиуми.

Од „Сан Сиро“ веќе испратија понуда во висина од 32,5 милиони евра плус уште 5,5 милиони во форма на бонуси, но она беше одбиена од белгиската страна, која инсистираше на повеќе.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На крај двете страни постигнаа договор за трансфер вреден 38 милиони евра, од кои 4 милиони ќе бидат во форма на бонуси.

Јашари е швајцарски репрезентативец со македонско потекло и минатата сезона беше избран за најдобар играч во белгиската лига.

Јашари имаше понуди и од клубови во Премиер лигата, но тој инсистираше да се пресели во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

АС: Разочарување во Мадрид

Тежок удар за Реал Мадрид и Атлетико. Двата мадридски клуба ќе мораат да играат плејоф за …