
Манчестер Јунајтед ќе се вклучи во трката за потписот на крилниот напаѓач на Борнмут, Антоан Семењо, според британските медиуми.
Само ден по неговиот гол на Олд Трафорд, кој му донесе значителен бод на неговиот тим (крајниот резултат 4:4), Антоан Семењо се најде на метата на Манчестер Јунајтед.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Иако Јунајтед не планираше да доведе нов напаѓач, спортските функционери на клубот, според извештаите на Скај спорт, процениле дека Семењо претставува одлична шанса која не смеат да ја испуштат.
Во договорот на Семењо со Борнмут е вклучена откупна клаузула од 65 милиони фунти, која ќе стане активна во јануари.
На раководството на Јунајтед им се допаѓа најмногу тоа што Семењо може подеднакво добро да игра на левото и на десното крило, како и во средината на теренот. Ваквиот играч веројатно би се вклопил одлично во концептот на Рубен Аморим.
Семењо досега, во текот на сезоната на 16 одиграни натпревари, постигна седум голови и додаде уште три асистенции, додека неговиот Борнмут се наоѓа на 13-то место на табелата со освоени 21 бод.