Тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, беше многу незадоволен од тоа што Тим Вернер го покажа на натпреварот против Ренџерс. Фудбалерот од германската репрезентација го извади веќе на полувреме и наместо него го внесе Дејан Кулушевски, стрелец за конечните 1:1. Постекоглу зборуваше за Вернер на прес-конференцијата.
За само 45 минути, Вернер 16 пати го изгуби поседот, не излезе како победник во ниту од еден од петте дуели, а успешно заврши само 69 проценти од своите додавања. “Не беше ни блиску до нивото на кое требаше да биде”, изјави тренерот на Тотенхем пред новинарите по натпреварот.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
“Тој е германски репрезентативец. Во ситуацијата во која се наоѓаме, немаме многу опции. Барам од сите да дадат барем максимум. Неговата изведба во првиот дел беше неприфатлива”, додаде Постекоглу и откри дека разговарал со него на полувремето.
На прашањето како Вернер ја прифатил критиката, тренерот на Тотенхем рече: “Не знам и не ми е важно. Сакам сите да придонесуваат. Немаме баш ширина во тимот и затоа е потребно поискусните играчи да го одработат својот дел. Од младите барам многу, а поискусните треба да им помогнат. На овој натпревар не беше така.”