
Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, бурно реагираше на прашањето на новинарот на прес-конференцијата по пласирањето во финалето на Лига Европа.
Тотенхем славеше победа во Норвешка против Боде/Глимт со резултат 2:0 и со вкупно 5:1 закажа дуел со Манчестер јунајтед во финалето на 21 мај во Билбао.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тој дуел ќе биде интересен од перспектива дека во моментот во Премиер лигата заземаат 15. и 16. место и играа катастрофално цела сезона, а сепак можат да освојат европски трофеј и да се пласираат во Лига на шампиони.
Едно од прашањата за Постекоглу беше дали пехарот од Лига Европа би можел да ја спаси сезоната на неговиот тим, како што е мислењето во Манчестер јунајтед, што предизвика бурна реакција.
„Зошто би ми било гајле што мислат во Јунајтед? Зошто тоа би било важно за мене? Прашајте го тренерот на Манчестер Јунајтед зошто го кажал тоа. Јас цело време велам дека ова е важно. Искрено, вие знаете подобро од мене, веројатно сте следеле повнимателно од мене. Што мислите дека овој трофеј би донел за овој клуб? Одговорот е очигледен“, одговори Постекоглу.