Дома Фудбал Португалски клуб се засили со девет фудбалери во еден ден – помеѓу нив има и екс-играч на ПСЖ!

Португалски клуб се засили со девет фудбалери во еден ден – помеѓу нив има и екс-играч на ПСЖ!

Португалската Боависта синоќа направи несекојдневен потег и во ист момент потпиша договори со девет нови фудбалери.

Најзвучното име меѓу нив е Лајвин Курзава, поранешен играч на Пари Сен Жермен и Монако, кој исто така 14 пати ја носеше дресот на француската репрезентација.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Покрај него, клубот од Порто објави дека довел уште осуммина, а тоа се Томаш Вацик, Марко ван Гинкел, Муса Коне, Осман Какај, Витали Листов, Сидоин Фонинг, Стивен Виторија и Гбоји Аријиби.

Боависта, по одиграно 21 коло во португалското првенство, е последна на 18-то место на табелата со 12 бодови, а зоната за спас е шест бодови далеку.

Останува да се види дали споменатите играчи ќе помогнат на екипата да се извлече. Квалитет за тоа тука сигурно има, но прашање е дали има и време?

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Медиумите најавуваа враќање на Меси во Варселона, сега се огласи Лапорта!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави дека се „нереални“ шпекулациите за можнот…