Тотенхем оваа сезона игра катастрофално, 15-то место на табелата на англиската Премиер лига тоа доволно говори, а можни се промени на тренерската клупа на лондонскиот клуб.
Тотенхем вчера имаше уште еден очаен фудбалски настап, па така натпреварот во кој влегоа како фаворити го загубија со резултат 3:2.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Играа против Евертон во рамките на 22. коло од англискиот шампионат, а резултатот и не изгледа толку лошо со оглед дека на полувреме беше 3:0 за Карамелите.
Така, лондонскиот клуб го продолжи лошиот низ во лигата и моментално има шест натпревари без победа (пет порази и едно реми).
Во прилог на Спарс им не одат многуте повреди што ги имаат, но многумина сметаат дека тоа не е доволно оправдување за очајното 15-то место на табелата.
Некои го гледаат виновникот во првиот човек на клубот, сопственикот Даниел Леви. Други мислат дека тренерот Анте Постекоглу не е доволно добар за да си ја врши работата.
Веќе многу се зборува за заминувањето на 59-годишниот тренер, а секако постојат шпекулации и за неговиот наследник.
Како што пишува англискиот “Football London”, четири имиња се во конкуренција, а најмногу внимание привлекува името на Един Терзиќ.
Откако минатото лето го напушти тимот на Борусија Дортмунд, германскиот стручњак од босанско потекло е без работа.
Покрај Терзиќ, се споменуваат имиња кои веќе работат во Англија: Андони Ираола, Марко Силва и Киран Мекена.