Дома Фудбал Поранешниот голман Реал ја „пецна“ Барселона: Да ме повикаше Перез – веднаш ќе се вратев!

Поранешниот голман Реал ја „пецна“ Барселона: Да ме повикаше Перез – веднаш ќе се вратев!

Искусниот костарикански голман Кејлор Навас можеше есеноска да биде во центарот на вниманието на фудбалската јавност бидејќи за неговите услуги се распрашуваше Барселона, и покрај тоа што во минатата декада остави длабока трага во дресот на Реал Мадрид.

Сегашниот голман на аргентинскиот Њуел Олд Бојс доби во октомври неочекуван повик од некогашниот голем ривал, бидејќи повредата на Тер Штеген беше од таква природа што Барселона мораше брзо да реагира.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Од неколкуте голмани кои дојдоа во игра, иако изборот падна на Војчех Шчесни, Навас се сметаше за сериозен кандидат, но до договор не дојде, и покрај тоа што Костариканецот беше почестен со повикот.

“По повредата на Тер Штеген, моето име се најде во кругот на кандидати за голман на Барселона. Го повикаа мојот агент, но од почеток беше очигледно дека тоа е комплицирана приказна. Јас, напротив, ласкаво го прифатив повикот на Барселона бидејќи со години бевме големи ривали”, кажа Навас.

Сепак, доколку од другата страна на телефонот се најдеше првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, Навас не би имал проблем повторно да се обиде на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

“Да ме повикаше Перез, ќе го прифатев повикот со задоволство. Мојата цел беше да останам во Реал до крајот на кариерата. Кога заминав, не се водев од емоционални причини, туку размислував строго според фудбалските начела затоа што минутажата ми се намали по доаѓањето на Тибо Куртоа. Да го следев само срцето, ќе останев во Реал до крајот на животот”, рече Навас кој по плодоносните години во Мадрид (2014-2019) кариерата ја продолжи во Пари Сен Жермен каде што остана до јануари кога се пресели во јужноамериканскиот фудбал.

Да потсетиме, Навас беше дел од генерацијата на тимот на Реал кој под водство на тренерот Зинедин Зидан освои три последователни Лиги на шампиони.

Фото: Real Madrid/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ќе му оддаде чест на папата Фрањо

УЕФА најави дека ќе се одржи минута молчење во чест на папата Франциск пред сите полуфинал…