Дома Фудбал Поранешниот фудбалер на Реал ја прекина кариерата и стана рибар – сега е уапсен!

Поранешниот фудбалер на Реал ја прекина кариерата и стана рибар – сега е уапсен!

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и португалската репрезентација Фабио Коентрао (33) е уапсен поради нелегално одгледување на ракови, известуваат португалските медиуми. Коентрао наводно одгледал повеќе од еден тон ракови, меѓу кои и јастози и шкампи. Тој немал дозвола за тоа. Пред три години ја прекина фудбалската кариера и се посвети на рибарството.

“Татко ми отсекогаш имал брод, тој е постојано во тоа. Тука се моите корени. Често одевме заедно, ја засакував таа работа. Кога имав време или кога бев на одмор, бев на море. Знаев дека еден ден, кога ќе се збогувам со фудбалот, ќе го насочам животот во таа насока. На море се чувствувам среќен, сакам да живеам таков живот. Многумина мислат дека ова е срамна професија, но не е така. Тоа е работа како и секоја друга и треба да се почитува. Освен тоа, морето е прекрасно и ни е потребно”, рече Португалецот.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Со Реал освои две Лиги на шампиони и две шпански првенства. Трофеите ги крена и како играч на Бенфика и Спортинг. Поранешниот лев бек на Реал и португалската репрезентација одигра 106 натпревари за Реаловата екипа.

Постигна еден гол и асистираше за 11 голови во периодот од 2011 до 2017 година, кога беше препратен на позајмица во Спортинг. Една сезона во тој период помина на позајмица и во Монако. Има 52 настапи за португалската репрезентација, за која постигна пет голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уапсен поранешен фудбалер на Реал Мадрид

Фабио Коентрао, некогашна ѕвезда на Реал Мадрид и португалски репрезентативец е фатен во к…