Дома Фудбал Поранешен фудбалер на Интер заглавен во Дубаи по нападот: Се криеме во подрум, не можеме да излеземе

Поранешен фудбалер на Интер заглавен во Дубаи по нападот: Се криеме во подрум, не можеме да излеземе

Поранешниот италијански репрезентативец и поранешен фудбалер на Интер, Торино и Монца, Данило Д’Амброзио, моментално е заглавен во Дубаи откако градот беше погоден од напад со дронови.

Според информациите од Италија, неколку проектили ги погодиле луксузните хотели во градот во Обединетите Арапски Емирати, а ситуацијата драстично се влошила преку ноќ. Д’Амброзио требаше денес да отпатува назад во Италија, но аеродромот е затворен и во моментов нема можност за враќање.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Д’Амброзио телефонски се вклучи во програмата на „Скај Спорт“ и ги опиша загрижувачките моменти кои ги преживеа со семејството.

„Побегнавме во куќа на пријател, бидејќи ни советуваа да не остануваме во одредени објекти. До пред неколку часа состојбата беше прилично мирна, а потоа дојде алармот и се спуштивме во подрумот. Требаше да тргнеме утре, но аеродромот е затворен. Нема целосна паника, веќе неколку часови сме во овој подрум, но дефинитивно не е лесна ситуација, особено за оние кои не се навикнати на вакви околности”, рече Д’Амброзио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сведоштво на Асенсио за страшниот судир: Не знаев каде сум и што се случува…

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио (23), настрада во 74-тата минута од реванш…