Дома Фудбал Поранешен фудбалер на Интер ќе биде нов тренер на Милан

Поранешен фудбалер на Интер ќе биде нов тренер на Милан

Португалскиот тренер Пауло Фонсека повеќе не е тренер на Милан, што самиот го потврди по уште еден разочарувачки резултат на „Росонерите“ во недела вечер.

Милан одигра 1:1 дома со Рома, се наоѓаат на осмата позиција со 27 поени, додека Фонсека доби црвен картон на крајот од првото полувреме.

Познато е и кој ќе го замени, тоа ќе биде уште еден Португалец, Серхио Консеисао.

Така барем тврди познатиот новинар Фабрицио Романо, чии информации се речиси секогаш точни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересно е дека Серхио за време на кариерата играше за Интер, додека неговиот син Франсиско моментно настапува за Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Времето лета: Синот на Вејн Руни доби максимална понуда и е на прагот на големата сцена

Времето „лета“ и тоа ни го докажува и Кај Руни, шеснаесетгодишниот син на најголемата леге…