
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел-Томас, осуден е на четири години затвор откако се обидел да прошверцува канабис вреден 600.000 евра.
Емануел-Томас беше фатен кога се обидуваше да внесе дрога во Обединетото Кралство, користејќи два куфери со кои дојде со лет од Банкок на 2 септември минатата година.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Како што беше објавено од Националната агенција за криминал (НЦА), во двата куфери, кои припаѓаат на сегашниот напаѓач на шкотскиот Гринок Мортон, биле пронајдени 60 килограми канабис.
Офицерите на НЦА го притворија фудбалерот кој во своето време беше јавно пофален од легендарниот Арсен Венгер, поранешниот тренер на Арсенал, кој му предвиде блескава кариера и изјави дека од него очекува големи успеси.
Сега е напаѓачот осуден за “увоз на дрога од К класа”.
Емануел-Томас започна кариерата во Арсенал, но за првиот тим на Топџиите одигра само пет натпревари, по што се префрли во Чемпионшипот.
Во втората англиска лига играше за Ипсвич, Блекпул, Кардиф, МК Донс, КПР и Бристол Сити, а сега е член на шкотскиот второлигаш Мортон.