
Играчот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопес, би можел да го напушти клубот, бидејќи по него тргна – Челзи!
Оваа вест ја објави каталонскиот Спорт, кој тврди дека Челзи е подготвен да плати 50.000.000 евра за неговиот трансфер и дека во Барселона оваа понуда ја гледаат како решение на сите проблеми.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Барса сѐ уште не ги регистрирала Војчех Шчесни и Рони Барџи, се очекуваше дека заминувањата на Ињаки Пења и Ектор Форт ќе ги решат тие проблеми, но тоа не е доволно.
Фермин Лопес често се споменуваше како играч за продажба, ако се земе предвид дека на неговата позиција има најголема конкуренција.
На неговата позиција играат Дани Олмо, Гави, по потреба и Педри, особено кога наскоро ќе се врати Марк Бернал, кој е проектиран да игра покрај Френки де Јонг.
Фермин досега ги одбиваше сите можни понуди, но Барселона би можела да го натера, откако Марк Касадо одби да се пресели во Премиер лигата.
Од друга страна, Челзи го бркаше Ќави Симонс, можно е преговорите со РБ Лајпциг да заглавиле, кога во прв план излезе Фермин Лопес…