Дома Фудбал Понижен талент го напушта Јунајтед и се сели во Челси, познато кој заминува во спротивен правец

Понижен талент го напушта Јунајтед и се сели во Челси, познато кој заминува во спротивен правец

Алехандро Гарначо е на излезна врата од Манчестер јунајтед. Веројатно знаете дека е во конфликт со Аморим, Португалецот му рекол да се „моли некој клуб да го посака“, се спомнуваше Наполи, но тешко дека можат да ја дозволат платата на Аргентинецот роден во Шпанија.

Дополнително го разлутил клубот кога беше снимен како носи дрес од Рашфорд минатата недела на одмор. И тоа дресот на Рашфорд од Вила, што се толкува како провокација. Аморим е јасен, тој на Гарначо не смета, па сега Јунајтед сака на секој начин да го продаде. Но, самиот фудбалер сака многу поголема плата од онаа што ја има моментално (помалку од два милиони евра) и како што се зборува, не му паѓа на ум да оди во помали клубови или на позајмици.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Многу е тврдоглав, во клубот се плашат од скандали. Една од опциите е Челси, тие веќе неколку месеци размислуваат за овој крилен напаѓач, профилот им е потребен, пробаа пред СП за клубови да го доведат Гитенс од Дортмунд, но „Милионерите“ бараат 60 милиони. Сега во трката се вклучи и Баерн кој наиде на пречка во своите понуди за Милано, за Рафа Леао.

Поради тоа Челси се грижи, Гарначо би бил решение, тие се спремни да понудат размена со Нкунку кој не беше стандарден кај Мареска. Јунајтед би размислил, ниту за нив тоа не е прва опција.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид може да заработи 30 милиони евра од фудбалер кој си замина пред три години

Реал Мадрид ова лето би можел да добие сосема неочекувана финансиска поддршка благодарение…