Дома Фудбал Полицијата соопшти детали: Прилепчанец и битолчанец го нападнале фудбалерот на Струга!

Полицијата соопшти детали: Прилепчанец и битолчанец го нападнале фудбалерот на Струга!

По натпреварот во Купот на Македонија помеѓу Шкендија и Струга вчера бил нападнат фудбалерот на гостинската екипа Марјан Радески.

Инцидентот го потврдија и од МВР од каде што соопштија детали за настанот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„На 09.04.2025 во 18.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Д.(34) од Прилеп и И.А.(37) од Битола. Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, М.Р.(30) од Прилеп дека околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки. Според пријавеното, откако М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во биленот на МВРП.

Од редовите на Струга претходно потврдија дека инцидентот не е поврзан со навивачи на Шкендија, ниту со било што околу фудбалот.

Фото: FC Struga

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …